CARETTA 1500 CLASSIC

ОПИС

Како никогаш досега, кампувањето во природа не било толку лесно и забавно благодарение на извонредната Caretta. Живејте авантуристички – едноставно закачете ја и сте спремни. Кога ке пристигнете на вашата дестинација, нивната лесна но сепак робусна конструкција ви овозможува лесно да го наместите во посакуваната позиција без никаква мака и пот. Едноставно пуштете го третото тркало, откачете ја приколката, истуркајте ја на идеалната положба, нивелирајте ја и сте подготвени за вашата незаборавна авантура која ви ја овозможуваат овие прекрасни компактни приколки.

Нивниот брилијантен и ергономичен дизај го максимизира просторот за ваше удобно сместување и живеење, а истовремено ви нуди голем простор за складирање. Направени со големо внимание на сите детали и со одличен квалитет, позади кој стоиме со 2 години гаранција.

Caretta 1500 е новата генерација на приколки за кампување. Опремена со врвна изолација, погодна е за кампување и во лето и во зима. Направена за две лица кои можат комотно да спијат со релаксирачка атмосфера во кабината на кревет со димензии 150 х 200 cm. Пристап до кабината има преку врати од двете страни на кои има прозори, а вградена е и вентилација на покривот 40 х 40 cm. Истите тие имаат вградени ролетни и мрежа против инсекти. Додека пак во задниот дел на приколката, ќе најдете совршен порстор за вашата мини кујна опремена со мијалник, шпоред и фрижидер.

Стабилна и аеродинамична, може да биде влечена со скоро секое возило, од мал хечбек или семеен автомобил до комбе, спортски автомобил, па дури и ATV. Не ви е ни потребна посебна возачка дозвола. РАЗБУДЕТЕ ГО АВАНТУРИСТИЧКИОТ ДУХ ВО ВАС!

КАРАКТЕРИСТИКИ

Број на лица: 2 + 2 (со шатор)
Екстериерот на кабината: Фиберглас
Шасија: Галванизирана шасија, Ал-Ко оска
Систем за напојување: 12 DC – 220 V

ДИМЕНЗИИ

Ширина: 2050 mm
Должина: 4180 mm
Висина: 1740 mm
Тежина: 480 кг. (со систем за сопирање)

СТАНДАРДНА ОПРЕМА

60 А батерија + полнач
13 пински приклучок за поврзување со кола
Мрежа против инсекти и ролетни на сите прозори
Фрижидер – 35 литри (12 DC & 220 V)
Три душеци
Осветлување
Вентилација на покривот 40 х 40 cm
Алуминиумски бандажи (175 / 70 / R14)

ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

Систем за греење
Систем за топлење на вода
Панорамска вентилација 70 х 50 cm
Држачи на покрив
Единечен шпорет со стаклен капак
Двоен шпорет
Систем за чиста вода – 45 литри (резервоар, мијалник и чешма)
Резервоар за отпадна вода – 60 литри
Резервно тркало
Преден држач за резервно тркало (Off Road стил)
Долен држач за резервно тркало
Кожна обвивка за резервно тркало
Систем за сопирање Ал-Ко + Шепа за закачување со стабилизатор
Ал-Ко систем за нивелирање
Амортизери
Заден метален браник
Мрежа против инсекти за целата врата
Клима 220 V
Заден држач за багаж
Резервоар за гориво со држачи – 20 литри
Надворешна монтажна кујнска маса со корпа
Надворешен туш
USB приклучок со мерач на напон
Multimedia player (USB читач, Aux) + звучници
Преносен соларен панел

Scroll To Top
Close
Close
Close

My Cart

Shopping cart is empty!

Continue Shopping