ОПИС
Повеке нема недостапен терен за кампување благодарение на неспоредливата Caretta OFF ROAD. Опремена со специјална заштита на шасијата, сигурносни шипки, систем за кочење и Off Road гуми ви гарантира пристап дури и до нај изолираните локации.
Со Caretta OFF ROAD можете да возите по секаков терен без разлика дали е тоа земјен пат, калливи шумски патеки или снежни планински патеки. Благодарение на 16 инчните гуми за сите терени нетреба да се грижите дека ке заглавите на патот. Загрижени сте дека ке ја оштетите приколката на такви патишта? Не грижете се, специјалната заштита на шасијата ви гарантира дека без ралика на теренот вашата камп приколка ке биде безбедна.
Живејте авантуристички – едноставно закачете ја и сте спремни. Кога ке пристигнете на вашата дестинација, нивната лесна но сепак робусна конструкција ви овозможува лесно да го наместите во посакуваната позиција без никаква мака и пот. Едноставно пуштете го третото тркало, откачете ја приколката, истуркајте ја на идеалната положба, нивелирајте ја и сте подготвени за вашата незаборавна авантура која ви ја овозможуваат овие прекрасни компактни приколки.
Нивниот брилијантен и ергономичен дизај го максимизира просторот за ваше удобно сместување и живеење, а истовремено ви нуди голем простор за складирање. Направени со големо внимание на сите детали и со одличен квалитет, позади кој стоиме со 2 години гаранција.
Caretta OFF ROAD е новата генерација на приколки за кампување. Опремена со врвна изолација, погодна е за кампување и во лето и во зима. Направена за две лица кои можат комотно да спијат со релаксирачка атмосфера во кабината на кревет со димензии 150 х 200 cm. Пристап до кабината има преку врати од двете страни на кои има прозори, а вградена е и вентилација на покривот 40 х 40 cm. Истите тие имаат вградени ролетни и мрежа против инсекти. Додека пак во задниот дел на приколката, ќе најдете совршен порстор за вашата мини кујна опремена со мијалник, шпоред и фрижидер.
Стабилна и аеродинамична, може да биде влечена со скоро секое возило, од мал хечбек или семеен автомобил до комбе, спортски автомобил, па дури и ATV. Не ви е ни потребна посебна возачка дозвола. РАЗБУДЕТЕ ГО АВАНТУРИСТИЧКИОТ ДУХ ВО ВАС!
КАРАКТЕРИСТИКИ
Број на лица: 2 + 2 (со шатор)
Екстериерот на кабината: Фиберглас
Шасија: Галванизирана шасија, Ал-Ко оска
Систем за напојување: 12 DC – 220 V
ДИМЕНЗИИ
Ширина: 2140 mm
Должина: 4440 mm
Висина: 1903 mm
Тежина: 700 kg
СТАНДАРДНА ОПРЕМА
60 А батерија + полнач
13 пински приклучок за поврзување со кола
Систем за сопирање Ал-Ко
Шепа за закачување со стабилизатор
Заштита на шасијата
Мрежа против инсекти и ролетни на сите прозори
Фрижидер – 35 литри (12 DC & 220 V)
Систем за чиста вода – 70 литри (резервоар, мијалник и чешма)
Три душеци
Осветлување
Вентилација на покривот 40 х 40 cm
Гуми за сите терени (245 / 70 / R16 / 111T)
ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА
Систем за греење
Систем за топлење на вода
Панорамска вентилација 70 х 50 cm
Држачи на покрив
Единечен шпорет со стаклен капак
Двоен шпорет
Резервоар за отпадна вода – 60 литри
Резервно тркало
Преден држач за резервно тркало (Off Road стил)
Кожна обвивка за резервно тркало
Амортизери
Мрежа против инсекти за целата врата
Клима 220 V
Заден држач за багаж
Резервоар за гориво со држачи – 20 литри
Надворешна монтажна кујнска маса со корпа
Надворешен туш
USB приклучок со мерач на напон
Multimedia player (USB читач, Aux) + звучници
Преносен соларен панел